На поранешна словенечка министерка за образование и е одземена титулата магистер поради плагијат
На поранешната словенечка министерка за образование Каудија Маркеж и беше одземена академската титула магистер за државни и европски истражувања, откако беше потврдено дека нејзиниот труд е плагијат, јави Танјуг.
Словенечкиот факултет за државни и европски истражувања соопшти дека 37 проценти од нејзиниот магистерски труд или клучниот дел е препишан од дипломската работа на истата тема и поради тоа трудот не може да и се смета за оригинален.
Маркеж беше на функцијата министер за образование само два дена. Таа поднесе оставка на почетокот на април откако се појавија информации за плагијат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа