Можностите за финансирање презентирани пред кичевските бизнисмени

Можностите за финансирање на приватниот сектор преку Програмата на Европската унија „Хоризонт 2020“ денеска беа презентирани пред кичевските бизнисмени кои се запознаа со постоење на различни извори на финансирање, со предностите од нивно користење, а воедно подетално се информираа за процедурите за аплицирање, пренесува МИА.

Посебен акцент се стави на МСП-инструментот, каде може да се аплицира во три фази, а кој е достапен и за микро компании на кои им се достапни финансиски средства во првата фаза во износ до 50, во втората фаза од 500 илјади до 2,5 милиони евра и во третата фаза консултантски услуги.

На настанот присуствуваа фирми од сите дејности кои се заинтересирани и веќе искажаа интерес за аплицирање за европските програми.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски истакна дека со подетално запознавање на бизнис-заедницата со достапните можности за финансирање и учество на приватниот сектор со апликации и со реализација на проектни активности се очекува зголемување на инвестициите, што ќе овозможи креирање нови работни места и задоволување на интересите на бизнис-заедницата.

Раководителот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска изјави дека главна цел на Проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во регионот, исто така 
со зголемување на пристапот до информации во носење соодветни одлуки на локално и на регионално ниво.

Презентацијата е во рамките на 4. работилница за Проектот „Формирање бизнис-центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средните претпријатија во Југозападниот плански регион“, организирана од Регионалната стопанска комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Главната цел на Проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во регионот.

Со реализацијата на планираните проектни активности се очекува зголемување на степенот на инвестиции што ќе овозможи креирање нови работни места и задоволување на барањата и интересите на бизнис-заедницата. Проектот, исто така, треба да го зголеми пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носење соодветни одлуки на локално и на регионално ниво.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега