Скопските градоначалници се информираа за процесот на доставување решенија за данок на имот

Денеска се одржа седумнаесеттата седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, на којашто се дискутираше на неколку теми, меѓу кои и степенот на реализација на проектите во општините.

- Со градоначалниците на општините дискутираме за реализацијата на тековните проекти во општините, за роковите за почеток на градежни активности за планираните проекти, како и за решавање на имотно правни односи за непречена реализација на проектите во соодветните општини, изјави градоначалникот Трајановски.

На состанокот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги информираше градоначалниците за процесот на доставување на решенијата за данок на имот. Покрај данокот за имот, на Координативното тело на градоначалници на Скопје се дискутираше и за процесот на подготовка на регулациони планови, спроведување на дератизацијата во општините во Скопје, за локации за подрачјето на Град Скопје за инертен отпад (т.е. градежен шут), како и за времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Град Скопје.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега