Шатори се повеќе, Заев го нема - струмичани и денес побараа оставка од градоначалникот!

Поддршката за граѓаните кои протестираат пред општинската зграда, во малиот парк, постојано расте и се поголем е бројот на струмичани, кои бараат градоначалникот Заев да сноси политичка одговорност по објавувањето на контроверзната снимка на Јутјуб, јавува Струмица денес.

Чуварите на демократијата и изборната волја се подготвени за долг престој престој пред Општината, и решени се да истраат во својата намера да го натераат градоначалникот да си поднесе оставка од функцијата, која ја извршува.

Евидентно е зголемувањето на бројот на шатори, покрај тоа граѓаните си донесоа и реквизити, за побрзо да им минува времето дури не се појави градоначалникот, кој според нив, одамна ја нема посетено општината, така во малиот парк е поставена табла за пинг – понг, се игра табла и сл.

-Струмичани му дадоа доверба на Заев да биде градоначлник, да требаше да биде премиер ќе победеше и на парламентари. Но наскоро нема да биде нути градоначалник, вели еден од ѓраните кои бараат оставка од струмичкиот градоначалник.

На денешната прес-конференција беше констатирано дека сеуште не е свикана итната седница на Советот, која ја побара советничката група на ВМРО – ДПМНЕ по барање на граѓаните  и од градончалникот  побараа одговори на прашањата кои се наметнуваат.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега