Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник

Наследникот на долгогодишниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе биде избран во вторник на владина седница, дознава Press24 од свои извори. Според информациите, на првиот работен ден од наредната недела Владата ќе одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Мијалков и ќе биде избран нов директор.
Се уште е неизвесно кој ќе биде новиот шеф на УБК.
Сашо Мијалков си поднесе оставка пред две недели. Тој во неа наведе дека и покрај тоа што се повлекува од функцијата останува подотвен да работи за интересите на Македонија.
Со неговата оставка значително се засилија партиските редови во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ослободен од одговорноста која ја носи функцијата, Мијалков може да им се посвети на партиските обврски. Партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мијалков важи за одличен мотиватор и силен работник на терен

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа