Шешељ назад во притвор?
Првиот радикал во Србија, Војислав Шешељ, по неколку месеци слобода, ќе се враќа во притвор, пишува српскиот портал kurir.rs. Ова следува по одлуката на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, кој издаде налог за враќање на Војислав Шешељ во притвор. Според налогот на Шешељ му остануваат уште 4 дена слобода.
„Жалбениот совет на Хашкиот трибунал издаде налог, Војислав Шешељ до 26 мај да биде вратен во притворската единица.“, истакна Потпретседателот на Српска Радикална Странка, Милорад Мирчиќ.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 6 ноември 2014 година, донесе одлука, Шешељ, после 11 и пол години притвор да биде пуштен на привремена слобода.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа