Ахмети за Катимерини: Ние не сме за голема Албанија туку за голема Европа

 

Додека траеше конфликтот во Куманово меѓу една вооружена група и полициските сили, поранешниот командант на ОВК, сега лидер на ДУИ, Али Ахмети, преговарал со неа.

Членовите на групата барале Ахмети да посредува и потоа да си заминат, но тој им кажал дека не може да им отвори коридор, оти тие сами треба да изнајдат друго решение, по што тие побарале да се предадат.

Вака ја почнува својата статија грчкиот весник „Катимерини“, коментирајќи го разговорот со лидерот на ДУИ Али Ахмети, посветен на последните случувања во Македонија.

Ахмети рекол дека не постојат планови за голема Албанија, а кога Македонија ќе се зачлени во НАТО, тогаш овие тензии ќе се намалат.

Тој истакнал дека случувањата во Куманово се резултат на несигурноста околу евроатлантската иднина на земјата и како што рекол тоа им дава можност или оправдување на некои групи да предизикуваат инциденти.

- Случувањата во Куманово треба да се разгледаат со учество на  меѓународните организации и НАТ, изјавил Ахмети за грчкиот весник „Катимерини“.

Прашан дали инцидентот може да се одрази во меѓуетничките односи помеѓу двете заедници во земјата Ахмети изразил убедување дека тензиите ќе се намалат, штом Скопје стане полноправна членка на НАТО. - Несигурноста и недостигот од неизвесноста во интеграциите, како и во посветеноста во стратешките цели, предизикуваат несигурност и кај Албанците. Ги повикувам соседните земји да се земе предвид стабилноста на регионот и да продонесат за мирот и сигурноста, со конструктивност околу сите отворени прашања, вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ изјавил дека голема Албанија не е проект на Албанците.

- Ние сме посветени на голема Европа, со престолнина Брисел, каде сите - Албанци, Грци, Срби, Германци и други ќе живееме добро, потенцира Ахмети, додавајќи дека сите треба да се ангажираат за политички решенија, да се продолжи со реформите препорачани од ЕК и да се интензивира дијалогот со Атина, за да се отвори патот за постојан мир, стабилитет и сигурност, не само тука, туку на целиот Западен Балкан

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега