Младите во Пехчево ќе спортуваат на ново спортско игралиште

Првиот фудбалски натпревар, одигран денеска, симболично го одбележа отворањето на новото спортско повеќенаменско игралиште во Пехчево. Младите луѓе ќе имаат можност да спортуваат на новиот терен кој е дел од владиниот проект за изградба на 100-повеќенаменски игралишта.

„Наша заложба е спортот да биде достапен до сите млади луѓе без разлика каде живеат. Тоа значи создавање услови младите луѓе да спортуваат, да победуваат, но и спортски да го поднесуваат поразот. Ова е 42-то по ред изградено и предадено во употреба повеќенаменско спортско игралиште од владиниот проект за изградба на 100 такви игралишта во целата држава“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски.

Агенцијата се залага да создаде услови за спортување на младите, а со тоа да ги отргне од пороците на модерното време. За таа цел досега изградени се 39 тениски терени, а 35 се во фаза на градба.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега