Салерно прв противник на ЖРК Вардар во квалификациите од ЛШ

Женскиот ракометерн првак Вардар СЦ Борис Трајковски во квалификациите за Лигата на шампионите. Во второто полуфинале од четвртата квалификациска група ќе играат Ростов-Дон (Русија) и Флери Луар (Франција).

Победниците од полуфиналналето ќе играат меѓусебе за пласман во Лигата на шампионите. Квалификациските натпревари ќе се одржат на 14 и 15 септември.

Италијанскиот првак за кој до лани настапуваше нашиот плејмејкер Билјана Црвенковска беше жребуван од третиот барабан и според правилата на ЕХФ прв има право на избор да биде домаќин на групата.

Состав на другите три групи во квалификациите за ЛШ:

Група1 : Бјасен Трондхајм, Лајпциг, Минск, Тертнес Берген.

Група 2: ФТЦ, Ерди, Цуг, Локомотива Загреб.

Група 3: Баја Маре, Твис Холстебро, победникот од дуелот Далфесен-Муратпаша.

најчитано сега