Земјоделец и бербер сведоци во судскиот процес Монструм

 

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи судењето за случајот Монструм.

Денеска во судот сведочеа земјоделец кој садел лубеници на нивата на обвинетиот Фејзи Азири на 100 метри од Смиљковското Езеро, како и берберот на  обвинетиот Агим Исмаиловиќ.

Земјоделецот тврдеше дека заминал од нивата во 19 часот и 30 минути и дека не слушнал пукање, додека берберот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ рече дека никогаш немал долга брада, за разлика од некои претходни тврдења, пренесе Канал 5.

Денешниот судски процес го следеа роднини и на жртвите и на обвинетите.

ФОТО: Точка

 

најчитано сега