МАН бара Кежаровски да биде ослободен од притвор

Македонската асоцијација на новинари денеска побара на новинарот Томислав Кежаровски да му биде укината  мерката притвор.

Според МАН согласно со европските стандарди пракса е во европските држави да не се определува мерка притвор за новинари.

-Утврдувањето на вина во судска постапка може непречено да се води и во случај новинарот да се брани од слобода. Неговото дело нема врска со она за кое се води случајот. Тој се сомничи за  откривање на идентитет на заштитен сведок што како дело нема допирни точки со кривичното дело од  предметот за кој се води постапката, се вели од соопштението на МАН. 

ФОТО: Вечер

најчитано сега