Во Штип хуманитарен концерт за загинатите бранители од Куманово

Средното музичко училиште од Штип и локалната самоуправа утре организираат хуманитарен концерт за загинатите бранители од Куманово.

ДСМУ „Сергеј Михајлов" како организатор и Општина Штип како логистичка поддршка, заеднички организираат хуманитарен концерт за Македонските бранители.

Целта на хуманитарниот концерт е да се искаже хуманоста и почитта кон загинатите бранители од Македонската полиција, кои загинаа во пресметка со терористичката банда во Куманово пред неколку недели и да се соберат средства за нивните семејства.

Концертот ќе се одржи во четврток (21 мај 2015) со почеток во 20:00 часот во Домот на културата „Ацо Шопов" во Штип. На концертот учествуваат ученици од средното музичко училиште кои ќе се претстават со класика и популарна музика, како и со сопствени рецитали посветени на македонските бранители.

Цената на влезницата е 100 денари а собраните средства ќе бидат донирани на семејствата на загинатите припадници на МВР. Секој заинтересиран, може да донира и повеќе средства односно да плати и поголема сума за влезниците со што го зголемува и фондот за поддршка на бранителите.

- Апелираме штипјани да бидат дел од овој концерт, да ја исполниме салата во Домот на културата до последното место, да оддадеме почит на нашите паднати херои, да дадеме поддршка на нивните семејства кои останаа без нивните најмили и секако да собереме средства за нивна поддршка. Ги повикуваме сите правни и физички лица, да купат влезници и со тоа да придонесат за успешен хуманитарен концерт за македонските бранители. Во текот на денешниот и утрешниот ден, влезници ќе се продаваат пред Домот на културата а резервации може да се обезбедат и преку средното музичко училиште - велат од Општина Штип.

 Општина Штип ги повикува сите штипјани да бидат дел од овој хуманитарен концерт и со тоа да ја искажат својата почит кон бранителите кои ги положија животите за зачувување на суверенитетот и интегритетот на Македонија и да им помогнат на семејствата на починатите припадници на МВР.

Влезниците можат да се купат од билетарницата на Домот на културата и ги повикуваме сите штипјани да покажат хуманост и почит и да присуствуваат на концертот во што поголем број.

ПРОГРАМА ЗА ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ

1. Трајко Прокопиев - Ја излези стара мајко

2. Стефан Гајдов - Ајде слушај Анѓо

3. W.A.Mozart - Ave verum corpus

Хор при ДМУЦ „Сергеј Михајлов" Штип

Гудачки камерен состав при ДМУЦ „ Сергеј Михајлов" Штип

Солисти: Лука Петешев и Димитар Стојменовски

Пијано придружба: Карла Биков

Диригент: проф. Тоше Митрев

4. J.Williams - Shindler's list

проф. м-р Марија Илиева - виолина

проф. Ангелина Симеонова - виолина

Памела Велкова - виолина

Верица Ајтовска - виолина

Димитар Лазаров - виолина

проф. Стојанче Наумовски - виолончело

5. T.Albinoni - Adagio in G

проф. м-р Петре Јованов - хармоника

проф. м-р Марија Илиева - виолина

проф. Ангелина Симеонова - виолина

Памела Велкова - виолина

Верица Ајтовска - виолина

Димитар Лазаров - виолина

проф. Стојанче Наумовски - виолончело

6. Рецитал за нашите бранители

Рецитатор: проф. Анита Димитриева

7.Творби за нашите бранители

Ученици со лични творби:

- Дајана Тодорова I-1„ За нашите херои ";

-Оливера Митрова II-1 „ Бранители ";

-Вероника Николиска II - 1„ Бранители ";

-Сандра Спирова I - 1 „ Каде хероите заминуваат ";

-Светлана Наумова II - 1 „Херои наши вечна Ви слава ".

- C.Frank - Panis Angelicus

Квартет кларинети

Абди Ахмедов, Александар Петров, Даниел Ѓоргиев и Трајче Илов

класа на проф. Биљана Биљарска

9. Народна - Зајди Зајди

10. Народна - Јано Мори

проф. Илија Ќосевски - кавал

проф. Љупче Георгиев - пијано

11. П.И.Чајковски - Нет,Толко тот, кто знал

Солист: Давид Миладинов

Пијано придружба: проф. м-р Трајче Роглев

12. Ф.Стевановски - Осаменост (Loneliness)

проф. м-р Филип Стевановски - пијано

проф. Боро Шопов - бас гитара

проф. Филип Крстевски - тапани

13. Игри без граници

Давид Миладинов - вокал

проф. м-р Филип Стевановски - пијано

проф. Боро Шопов - бас гитара

проф. Филип Крстевски - тапани

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега