„Две експлозии во Белата куќа - Барак Обама повреден“
Хакери го нападнаа главниот профил на „Твитер“ на Асошиејтед прес, објавувајќи лажно соопштение за напад врз Белата куќа.
Соопштението, за две експлозии во Белата куќа во кои е повреден претседателот Барак Обама, е објавено по неколку обиди за крадење на лозинката од новинари на агенцијата.
Асошиејтед прес објави дека профилот на агенцијата на Твитер е затворен по хакерскиот напад и дека се работи за негова поправка.
Соопштението објавено од хакерите предизвика драстичен пад на Дау Џонс Индексот