Две гранати ја погодија Руската амбасада во Дамаск

 

Две минофрлачки гранати денеска ја погодија Руската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск. Во инцидентот нема повредени лица, причинета е само материјална штета, изјави портпаролката на Амбасадата, Азија Туричијева.

Таа посочи дека Амбасадата била гранатирана за време на паузата за ручек и затоа нема повредени лица.

- Две минофрлачки гранати паднаа на територијата на Амбасадата, едната падна во непосредна близина на главниот влез, додека другата ја погоди управната зграда, посочи Туричијева.

Сириските власти веднаш реагираа и ветија дека ќе преземат неопходни мерки за безбедноста во Амбасадата. 

Руската амбасада во Дамаск последен пат беше нападната во јануари, кога граната го погоди покривот на зградата

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега