Бериша плачејќи го призна поразот и најави повлекување од партијата

 

Денеска веќе поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша на прес конференција се обрати пред албанскиот електорат како никогаш досега. Тој изјави дека ќе ја почитува волјата на граѓаните. 

- Во мојата политичка кариера повеќе од две децении јас на секоја позиција која сум бил себе си се гледав како човек кој е во служба на мојот народ и мојата земја. И покрај моите здравствени проблеми, никогаш не се откажав од исполнувањето на моите обврски, одговорно и доследно, рече меѓу другото Бериша кој не издржа и во еден момент почна да плаче пред насобраните приврзаници. .

Бериша напомена дека поразот се должи затоа што граѓаните гласале за противничкиот табор и нивната програма. Програма која според него не може да се реализира. 

- Нашите граѓани гласаa за програмата на нашите опоненти, за ветувања кои не може да се реализираат, како што е бесплатно здравство и укинување на даноците, зашто овие ветувања не можеме да ги реализираме бидејќи тие се во спротивност со рамноправните економски слободи, рече Бериша, притоа честитајќи му ја победата на политичкиот противник и посакувајќи му успешна работа.

- Но за поразот одговорноста паѓа врз мене, врз Сали Бериша. Затоа давам оставка од сите функции во Демократската партија, нагласи Бериша.

Поранешниот премиер се заблагодари на сите приврзаници и им порача дека ова не е збогум. Тој ќе остнае на функцијата прв човек во партијата се до изборот на неговиот наследник.

Тој се забагодари на сите приврзаници на ДП, им порача да се чувствуваат горди а неговото обраќање да не го сваќаат како збор за збогување.

Бериша, како што самиот рече останува на функцијата премиер до септември, кога парламентот треба да ја изгласа новата влада, како и на чело на партијата до избор на негов насленик.

- Бог да ги благослови ДП и Албанците каде и да се.Со овие зборови Бериша го заврши обраќањето. Според медиумите најсериозен кандидат за наследник на Бериша е актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.

 

најчитано сега