Меркел посакува разговор со Ципрас за забрзување на грчките реформи

 

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека сака неделава во Рига да се сретне со својот грчки колега Алексис Ципрас за да го повика да го забрза процесот на постигнување спогодба за економските реформи што се бараат од Атина, пренесе ДПА.

- Ние сакаме да се сретнеме со нашиот колега од Грција, Алексис Ципрас, на средбата на Источното партнерство (самит организиран од Европската унија). Ќе видиме дали ќе се остварат можностите за разговор, рече Меркел.

Германската канцеларка дополни дека преговорите со Грција за нови транши од кредитот „треба повеќе да се забрзаат отколку да се забават“.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега