ВИДЕО: Невреме во демирхисарско, град со големина на лешник

Силно невреме проследено со врнежи од град со големина на лешник, попладнево го зафати демирхисарскиот регион. Од Општина Демир Хисар за ТВ Орбис велат дека и во моментов продолжуваат силните врнежи од дожд и не може да се излезе на терен за проценка на штетите. Тие информираат дека на терен се излезени службите на ЈКП „Комуналец“ и противпожарните екипи кои се обидуваат со различна механизација да му помогнат на населението.

Според кажувања на жителите од демирхисарско досега не е запаметено невреме од вакви размери, а според УХРМ слични временски услови се очекува да се задржат до крајот на неделата.

Видео: ТВ Орбис 

 

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега