Чуварите на демократијата даруваа крв - продолжуваат со останатите активности пред Собрание

По завршувањето на вчерашниот голем народен собир за силна Македонија кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ, а го поддржaa голем број на невладини организации, здруженија, јавни личности и групи, поголема група на граѓани во текот на целата вечер остана пред Собрание. Тие остануваат и во наредните денови, за, како што велат, да ја чуват демократијата и изборната волја.

-Не сме собрани со цел да ја чуваме и браниме демократијата, сакаме реформите да продолжат и пред се да се испочитува волјата на народот, која што е остварена преку непосредни избори, истакна студентката Лора Трајкоска.

Чуварите на демократијата и на изборната волја, велат дека безрезервно поддржуваат стабилна и силна Македонија, а не деструктивни сценарија и разнебитување на државата.

-Од едната страна имаме политичка партија која што се залага за доброто на оваа земја, која носи нови инвестиции и која што ја движи оваа држава напред, додека пак од другата страна го имаме лидерот на опозицијата, кој што последниве 4 месеци го тероризира народот и прави хаос во оваа држава. Не сакаме сето ова да престане и сакаме реформите да продолжат, додава Трајкоска.

Собраните граѓани денеска имаа дневни активности, односно крводарителска акција. Дел од камперите ќе даваат крв, а потоа продолжуваат со реализација на останатата програма пред Собранието на РМ.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа