Прилеп ја подобрува локалната водоводна инфраструктура

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска го потпишаа договорот за заштита и подобрување на квалитетот на водите за делницата за довод на вода од н.м. Галичани до н.м. Кадино село.

 

Овој договор е потпишан согласно Програмата за инвестирање во животната средина и конкурс за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

 

Целта на проектот преставува потребата од дополнително водоснабдување на населеното место Кадино Село, покрај користење на санитарна вода од негов постоечки бунар со хидрофорска постројка. Должината на трасата е од 1184.54m. Вкупната инвестиција на овој проект изнесува три милиони денари средства обезбедени од  Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од Општина Прилеп.

 

Овој проект е од голема важност за да се подобри локалната водоводна инфраструктура во населените места во општина Прилеп, како и квалитетот на живот во  руралните средини.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега