Груевски со порака до Заев: Нема да дозволам да го срушиш она што го направивме за македонските граѓани

Премиерот Никола Груевски на синоќешниот досега најмасовен народен собир во независна Македонија се осврна и на штетата од бомбите на Заев и грчот во кој сака да ја стави државата и да го закочи нејзиниот напредок.

Но, премиерот јасно го стави на знаење фактот што и покрај се Владата продолжува со реализација на ветените, но и нови проекти.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, ќе најде начин да го запре овој залет на правење штета на Македонија.

- Први во тој правец, во правец на надминување на кризата превземаа чекор,Јанкуловска, Јанакиевски и Мијалков, кои иако без било каква докажана вина донесоа одлука во интерес на државата да се повлечат. Македонскиот парламент веќе покрена иницијатива за формирање анкетна комисија. Како што веќе кажав, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, веќе имаме подготвен пакет на мерки за зајакнување на капацитетите и средување на слабостите во сите сектори каде беа адресирани забелешки. Со или без СДСМ, позитивните чекори ќе бидат направени, а СДСМ и Заев, постепено ќе станат изолирани во нивното  деструктивно однесување, порача Груевски пред околу 90.000 граѓани.

Премиерот рече дека ВМРО-ДПМНЕ има реален план за надминување на сегашната создадена криза од СДСМ, и тој план ќе се реализира.

-Ние нема да му дозволиме на Заев, тоа што со години го градиме во економијата, тоа што со години овој народ го чекаше за да ја види и почувствува својата посветла иднина,  силниот тренд на инвестиции и нови градба на нови производни и услужни капацитети и фабрики, силниот тренд на отворање нови работни места, планираните 63 илјади нови работни места во 4 годишниот мандат, силниот тренд на раст на извозот кој годишно расте по 15 до 20 отсто годишно, силниот тренд на инвестиции во инфраструктура, патишта, железници, енергетика, авиосообраќај,здравството, образованието, силниот тренд на раст на земјоделието, силниот тренд на реформи во многу области, како што се последните со новиот закон за администрација, или лани стапените на сила закони за судството, силниот тренд на градење на Македонија и раѓање на нова перспектива и надеж за подобра иднина на младите, но и на повозрасните, тој човек и таа кукавичка група околу него, како и нивните сценаристи да го срушат, рече премиерот.

Груевски посочи дека ако досега немаше посериозни штети по економијата, атмосферата, психолошката состојба и во земјата и во опкружувањето, а поврзано со Македонија, веќе по терористичкиот напад, засолен од заканите на Заев дека ќе паѓало крв по улиците и слични очајнички изјави, веќе почна да и прави проблем на македонската економија, особено во делот на нарачките, што значи во делот на извозот, што ако продлжи ќе се рефлектира на дел од работните места.

- Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори, како постоечките, така и оние во доаѓање. Сакам и ним да им се обратам, исто како и на домашните. Македонија нема потенцијал за конфликт и дестабилизација, затоа што народот не го сака тоа. Народот, сите етнички заедници, сакаат мир и просперитет. Тоа се покажа за време на терористичкиот напад, кога и покрај многуте апели на терористите да добијат помош, никој не ги поддржа и народот покажа дека тоа не беше меѓуетничка битка, туку пресметка на полицијата со класична криминално терористичка банда која веќе е совладана. И ова што очајнички и кукавички го прави Заев, ќе заврши, и земјата ќе продолжи со чекорењето напред, порача премиерот.

Груевски апелира дека не постои простор на загриженост од поголеми размери.

-Македонија е силна! Македонија има свои слабости и работи кои треба да ги подобри, но Македонија има сила да го направи тоа и да продолжи да расте во економијата. Операцијата на полицијата против терористичката група исто така покажува, дека нашите безбедносни сили се способни и обучени, да се справат и со најкомплицираните предизвици. Затоа, странските и домашните компании не треба да бидат исплашени. Имаат пријателска кон бизнисот Влада, која ги разбира потребите на компаниите и континуирано им помага и ќе продолжи да им помага, додаде премиерот.

Груевски посочи дека Владата продолжува со работа, со проектите од интерес на граѓаните.

-Ние сме прва влада во независна Македонија кој покажа дека знае да отвора  огромен број на нови работни места преку создавање добри услови за инвеститорите и нивно привлекување. Паралелно водиме преговори со стотици компании и на добар пат сме дел од нив да ги убедиме да инвестираат во Македонија и да отворат илјадници нови работни места во наредните неколку години. Затоа, нам ни треба чист терен и мирно море. И за отворањето работни места, и за реформите и чекорите за влез во ЕУ и НАТО. Отворивме многу проекти во инфраструктурата, градиме три автопати а се подготвуваме за четврти, плус други, експресни, регионални и локални патишта, енергетски проекти, железнички пруги, ....со еден збор, не треба да се дозволи овој најсилен залет што било кога досега го имала Македонија некој да го запре со манипулативни методи и за нечии интереси, заклучи премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега