Вучиќ: Србија е уморена од трпението што го покажува кон ЕУ

Премиерот на Србија Александар Вучиќ тврди дека Србија е уморена од трпението што го покажува кон Европската унија, бидејќи е направено и постигнато многу, а на тоа не е соодветно одговорено. 

- Не само што вложивме многу од нашето време, енергија, политичка сила во процесите што денеска се одвиваат, туку ги започнавме и најтешките можни економски реформи во Србија. Постигнавме многу во дијалогот со косовските Албанци, но на крајот гледате дека не сте доволно почитувани, изјави Вучиќ во гостувањето во емисијата „Глобал конверсејшен“ на ТВ „Еуроњуз“, пренесува Б92. 

Српскиот премиер нормализирањето на односите со Приштина го оцени како многу голем проблем, но дека Белград ќе продолжи со разговорите. 

- Моја работа е да се грижам за интересите на државата и да направам нешто за доброто на нашиот народ, а не е важно дали тоа се вклопува во нечиј начин на размислување, изјави Вуќиќ. 

Авторката на емисијата Исабел Кумар по разговорот со српскиот премиер заклучи дека Србија, иако се уште се соочува со големи проблеми, е подготвена својата иднина да ја види во полноправно членство во ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега