Разумен, реален и историски говор на Груевски со јасни политички пораки

Премиерот Никола Груевски со разумен, реален и историски говор, одлучно и моќно пред насобраните граѓани и симпатизири направи длабинска анализа на политичките случувања и испрати јасни политички пораки кои беа пропратени со скандирања и овации од илјадниците насобрани.

Груевски појасни дека тоа што го прави Заев е диктатура на малцинството врз мнозинството која ја изрази својата волја на слободни и демократски избори. Груевски порача дека оваа битка на Заев е нечесна и ќе ја добијат, затоа што народот е позади нив

-Тоа што ни се случува всушност е диктатура на политичкото малцинство. Инструмент на служба. Но  Македонија не е  Никола Груевски или Зоран Заев. Ова  е Македонија. Овој народ, е најдобриот одговор на сите оние сценаристи, кои цврсто веруваа дека дека ќе не скршат,  дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, со лажни воведи и наративи, дека ќе не исплашат со терористички банди, дека ќе потклекнеме, дека ќе се предадеме,...но, вечерва го добиваат одговорот, Македонија не се предава, Македонија е силна.  Ова е нечесна игра кон Македонија. Затоа ќе ја добиеме оваа битка, изјави Груевски. 

Тој во својот говор нагласи дека раководството на СДСМ уште недојдени на власт, неможат да си ги пребројат становите и куќите на кои сами на себе си плаќаат кирија, се закануваат на секој граѓанин дека имаат снимки од неговите разговори и ако им се спротистави, ако некој искаже спротивно на неговото мислење, веднаш му се заканува со објавувања, со намера да му втера страв, запрашувајќи ова ли се политичарите кои ќе ни ја донеле демократијата и слободата  во Македонија?

- Демократија ли е ако на секој не истомисленик му упатуваш закана со објавување на снимени и креирани телефонски разговори стекнати на незаконски и криминален начин. Демократија ли е ако 5 часа ја тепаш со што ќе стигнеш сопствената полиција, и 38 полицајци се хоспитализирани, го симнуваш и кинеш македонското знаме, само за да извршиш насилен преврат? Такви демократи не и требаат на Македонија. Демократи кои јавно се закануваат на медиумите кои не ги подржуваат нивните насилнички и кукавички политики, демократи кои физички повредуваа, и раскрваруваат новинарки и сниматели, демократи кои преку своите контролирани и однадвор платени и преплатени медиуми им упатуваат закани на сопствениците на другите  медиумите кои не ги подржуваат дека кога ќе дошле на власт ќе завршеле вака или онака, демократи кои пред три години имаа обид за насилно влегување и окупирање на парламентот, демократи кои организирале свои групи на насилници, кои ги тепаат неистомислениците од други политички партии, ....што ли ќе се случи ако оваа гарнтитура од фрустрирани и насилни, изјави Груевски 

Тој посочи дека на Македонија не и е потребена политичка гарнитура која свесно се става на располгање на странска разузнавачка служба која си има своја сопствена цел, која очигледно не се совпаѓа со нашите политики.

- Слушнавме многу бомбастични најави, но остана да виси прашањето:Целата концепција за овој начин на делување на СДСМ е базиран дека имало нерегуларни избори во 2014та, заради што и не влегоа во парламентот, и го спроведоа ова сценарио. Но, драги пријатели, дали забележавте дека во креираните и сечени снимки, немаше ниту една снимка која укажува на изборни нерегуларности во 2014та. Се што извадија, со сиот лажен наратив и едитирани снимки, се однесуваше на парламентарните избори од 2011та и локалните избори од 2013та. Ништо, нула за 2014та, во која немаа ниту една жалба до Државната изборна комисија, рече Груевски.

Груевски истакна дека неговите најбомбастично најавувани бомби, беа и неговото најголемо фијаско.

-Од прес-конференцијата за убиството на Мартин Нешковски,  и покрај сечењата и лепењата на разговорите, неизбежно се виде дека веднаш кога дознала полицијата постапила соодветно, и за неколку часа го лишила од слобода сторителот и го изнела пред суд, каде му е одреден затвор од 14 години.Како тоа некој го штител кога за неколку часа по сознанието на раководството тој е уапсен? Од прес конференцијата за покојниот новинар Никола Младенов, се виде дека сите претходни шпекулации за тоа дека владата му сторила нешто оти бил критечен кон неа, паднаа во вода, и се покажаа за лажни.Сите сомнежи паднаа во вода, рече Груевски.

Груевски за излезот од кризата наметната од опозицијата најави дека ќе следуваат разговори меѓу партиите и дека имаат максималистички барања, што очигледно научиле да преговараат од Грците, на кои им направија огромна услуга пред некој ден, нешто што не би требало да го направи никој.

- Ние сме отворени за разговор. Но нема да дозволиме решение спротивно на изборната волја на мнозинството граѓани. Ако дозволиме тогаш зошто ни се избори во државата. Едноставно некој ќе си набави опрема за прислушување, ќе пушти свои политички противници како пцујат и кажуваат непријатни работи во афект, и ќе испорачаат барања за преодна влада.  Колку едноставна би била политиката на тој начин. А програма? А проекти? Од што ќе живеат граѓаните? Од тоа што Шекеринска ќе биде во владата? Не верувам. Но и оние што протестираа вчера,  сите се наши сограѓани и ние ја сфаќаме и нивната порака. И она што е суштинска и реална критика, за таквите нешта ќе направиме максимум да испорачаме резултати и корекции, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега