Липи го превзема Милан?
Искусниот италијански тренер, Марчело Липи е главен кандидат да го превземе Милан, откако кинескиот конзорциум ќе биде мнозински сопственик на клубот од Сан Сиро.
Угледниот италијански весник „Тутоспорт“ тврди дека претседателот Силвио Берлускони веќе е инволвиран во завршната фаза од преговорите околу продажбата на поголемиот пакет од акциите на група кинески инвеститори кои сакаат Липи на клупата да го замени Филипо Инзаги.
Липи моментно е без работа, затоа што Италијанецот од февруари го напушти кинескиот Гванџи Евергранде, каде беше наследен од неговиот ученик Фабио Канаваро.
Липи во текот на кариерата меѓу останатите ги водеше Наполи, Интер, Атланта, додека со Јувентус во два мандата оствари бројни успеси.
Освои пет титули во Серие А, Купот на Италија, четири Суперкупа на Италија, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Најголем успех во кариерата 67-годишниот тренер доживеа на клупата на репрезентацијата на Италија кога во 2006-та година ја предводеше екипата до титулата светски фудбалски првак во Германија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа