Која е најсреќната нација во светот?

 

На листата од најсреќни земји во светот високо позиционирана е Холандија, а сето тоа бидејќи работат многу помалку од остатокот од светот. Таквата животна навика кај Холанѓаните буди добро расположение и им овозможува да го трошат слободното време на хобија и на тоа што ги исполнува.

 

Податоците покажуваат дека 26,8 проценти од работоспособните мажи и 76,6 проценти од жените, на работа минуваат помалку од 36 часа неделно, додека во Велика Британија, на пример, тоа важи за 10 проценти од мажите и 40 проценти од жените, пренесува Телеграф.рс.

 

За многу четиричлени семејства не се неопходни два извори на приходи за да живеат во комфор, па мајките се одлучуваат да останат дома или пак само да работат повремено.

Според законот, мајките имаат право да го скратат работното време без никакви последици.

 

Холанѓаните не ја тргаат насмевката од лицето, а сето тоа бидејќи најмалку четири пати во седмицата трчаат, вежбаат, или занимаваат со некој спорт. На листата на физички најактивни граѓани во Европа, тие го заземаат 28-то место.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега