На учесничка во талент шоу и пукале во глава
На деветнаесет годишната Мутлу Кај од Турција, која се натпреварувала во тамошното талент шоу ” Sesi Çok Güzel” недамна и се закануваа со смрт по што и пукале во главата.
Мутлу потекнува од конзервативна покраина, градот Дијабакир во југоисточна Турција. Пред да стане учесничка во музичкото шоу добивала смртни закани кои за жал се оствариле, пишува Гардијан.
Таа била нападната во понеделникот наутро во нејзиниот дом каде непознати напаѓачи и пукале во главата. Мутлу моментално е во болница и е во критична состојба. Нејзината менторка во шоуто била позната турска пејачка Сибел Цан.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа