„Ако тој не си заминеше јас ќе го сторев тоа“ - Касиљас плачел од Мурињо

Голманот на Реал Мадрид Икер Касиљасе е најсреќен од заминувањето на Жозе Мурињо од клупата на „кралскиот клуб“ и јавно проговори за тешкотиите низ кои поминувал додека Португалецот беше на клупата. Шпанецот дополни дека доколку Мурињо не си заминал, тој сигурно ќе го направел тоа. Капитенот цело време молчел само проади почитта која што ја имал кон клубот. 

-Неколку пати сакав да проговорам, но премногу го сакам Реал за да направам проблеми. Многу ми беше тешко, но интересот на клубот е над се, изјави Касиљас.

Тој вели дека доколку Жозе Мурињо останеше во Мадрид, тогаш тој сигурно ќе заминеше.

-Немаше да заминам бидејќи тоа го сакам, туку поради тоа што тренерот не ме сакаше на клупата. Плачев, имав многу непреспиени ноќи, навистина патев. За среќа, сега сето тоа е готово, додава Касиљас воедно констатираше дека Анчелоти е вистинското решение за клубот.