ЕЦБ нема да дозволи банкрот на Грција доколку не може да ги врати кредитите

 

Европската централна банка (ЕЦБ) и Европскиот фонд за финансиска стабилност ќе продлжат со поддршка на Грција, дури и ако земјата не може да ги враќа кредитите, пишува германскиот весник „Ханделсблат“.

Во текстот насловен како „Спас по секоја цена“, весникот се повикува на европски извори, според кои Грција може да се надева на натамошна поддршка од страна на Европејците, дури и при евентуален банкрот на земјата.

Како ЕЦБ, така и Европскиот фонд за финансиска стабилност, нема да ја остават Атина да се уништи, доколку таа не може да ги врати кредитите кон ММФ. И во тој случај ЕЦБ може да продолжи да им обезбедува ликвидност на грчките банки преку механизмот ЕЛА.

Преку механизмот за итна парична ликвидност ЕЛА, Грција добила околу 80 милијарди евра. Во случај таа да не биде во состојба да ги враќа кредитите. ЕЦБ би можела да ја зголеми оваа сума на 95 милијарди евра, изјавиле финансиски експерти за „Ханделсблат“.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега