Министерот Мисајловски се сретна со кинескиот амбасадор во Македонија

Министерот за транспорт и врски, г. Владо Мисајловски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Н.Е Вен Џеншун.

На средбата министерот Владо Мисајловски и амбасадорот Вен Џеншун разменија мислења и информации за прогресот на изградбата на давата автопати “Гоце Делчев” од Скопје до Штип и “Мајка Тереза” од Кичево до Охрид. И двете страни изразија недвосмислена поддршка за реализација на овие два најзначајни инфраструктурни проекти во Република Македонија. Особено потенцираа дека во текот на градежната сезона максимално ќе се засилат градежните активности на двата автопати.

Исто така на средбата се разменија и информации за набавката на  новите патнички возови кои се очекуваат да пристигнат оваа година.

На средбата, министерот Владо Мисајловски ја изрази својата благодарност за поддршката која Владата на Народна Република Кина ја дава на Владата на Република Македонија во поглед кон зацврстување на билатералните односи со фокус на економските односи кои се од стратешки интерес за прогресот на македонската економиија.  

Министерот Владо Мисајловски ги потенцираше добрите политички односи кои се силна гаранција за економската и трговска соработка и истакна дека НР Кина има важна улога во развојот на регионот посебно во делот на патната и железничката инфраструктурата,  енергетиката итн.

Министерот Владо Мисајловски, потенцираше дека Република Македонија е активен поддржувач на економските политики што ги спроведува НР Кина а доказ за тоа е  присуството на кинеските компании што работат во Република Македонија. Притоа, Министерот Мисајловски истакна дека сите компании се добредојдени да инвестираат во Република Македонија и увери дека силната поддршка на Владата на Република Македонија за странските инвеститори и понатаму останува на истиот курс.

Нашата цел е во иднина да продолжиме со промоција  и јакнење на политичките и економските односи и на можностите за зголемување на трговската соработка меѓу двете земји, истакна министерот Мисајловски.

 

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега