Македонските ракометари ја победија Турција

 

 

Машката македонска ракометна репрезентација со победа против домаќинот Турција ги заврши настапите во групната фаза на 17.те Медитерански игри кои се одржуваат во Мерсин.

Попладнево Македонија во првиот натпревар од 5.коло во А групата, Македонија беше поуспешна од домашната селекција со резултат 24:23. Турција и покрај поразот ќе игра во полуфиналето, додека Македонија ќе разигрува за пласман.

Во тек е дуелот Италија - Србија.

Табела А група: Турција 3-1 (победи-порази), Србија 2-1 (натпревар помалку), Македонија 2-2, Италија 1-2 (натпревар помалку) и Алжир 1-3.

Двојки за 5.коло во Б групата: Хрватска - Грција Египет - Тунис.

Табела група Б: Словенија 5 бода (натпревар повеќе), Египет 4 Хрватска 4, Тунис 3 и Грција 0. 

ФОТО: Кајгана

најчитано сега