Приштина на нозе - полицијата ги спречи демонстратните да влезат во Владата

Голем број на косовски граѓани денеска излегоа на протести проади спогодбата за нормализирање на односите со Србија. Судирот на демонстрантите и полицијата настана пред зградата на Владата и Парламентот во Приштина. Полицијата била приморана да употреби солзавец, а при процесот беа приведени триесет и девет демонстранти. 

Протестите беа организирани од опозициското движење Самоопределување, кое се противи на спогодбата потпишана со Белград, со посредство на Европската унија во април, а која предвидува ограничена автономија за Србите на Косово.