Успешна операцијата на малиот Најден

Денеска малиот Најден кој беше пронајден пред куќа во Арачиново со отсечено јазиче и модринки по вратот беше опериран, а операцијата поминала одлично, пренесе Плусинфо.

- Операцијата заврши одлично. Повеќе информации не сакаме да даваме од етички причини, но важно е дека Најден е сега во добра здравствена состојба, изјавија од Клиниката за Плсуинфо.

 Инаку, Најден беше повторно вратен во болница откако пред неколку денови му се влоши здравствената состојба.

За малото бебе цела Македонија се крена на нозе и беа организирани повеќе хуманитарни акции.

најчитано сега