По 185 години валандовчани ќе добијат храм во центарот градот

После 185 години, валандовчани ќе добијат храм во центарот градот. Денеска светиот Архиереј на чело со поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан ги поставија темелите на Пресвета Богородица.

Божиот дух ќе заживее во центарот на градот, а верниците ќе можат вечно да служат.

Верниците денеска се собраа под вековните јавори да се поклонат пред осветата на темелите и со исчекување во најскоро време христијанската вера да живее во градот.

Првиот човек на општина Валандово Никола Чурлиновски, горд е што на идните поколенија ќе се направи храм и во догледно време свечените верски обреди ќе се вршат токму во овој храм.

Светиот храм посветен на божјата мајка ќе може да прими околу 500 верници во неа и ќе биде на површина од над 250 метри квадратни.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега