Тато, зошто ми ги уби сите најмили? - детали за трагедијата која го потресе целиот Балкан

Нешто по 10 часот во местото Мартонош, Србија дојде до големата трагедија која ја потресе Србија, а во која животот го загубија седум лица.

До трагедијата дошло поради нарушени семејни односи, еден ден по свадбата.

Свекорот Раде Ш. (1960) со ловечка пушка ја убил снаат Наталија (1990) и нејзините родители Шандор (1963) и Каролина Бајтаи (1972). Покрај нив настрадале уште три лица, а убиецот по крвавиот поход во домот на неговите сватови се самоубил.

tragedija-sr

Како што пишува српски „Блиц“, свекорот се противел на бракот на неговиот син со Наталија, поради што се скарал со неговата сопруга, која ја убил заедно со нејзините родители.

Раде во текот на вчерашниот ден цело време пиел, а денес отишол во куќата на родителите на невестата. Убиените лица се на возраст од 25 до 74 години.

 

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега