Груевски: Заев нема храброст да поднесе оставка затоа што знае дека е виновен

 

На видеото кое го видовме пред неколку дена јасно се гледа дека Зоран Заев отворено, директно бара мито за нешто што на човекот кој бара услуга од општината, тоа по закон му следува. Заев за тоа му бара мито. Ова го истакна премиерот Никола Груевски на вестите во Канал 5.

-Станува збор за еден срамен криминоген однос што го гледаме од Зоран Заев. Што е најсмешно и најтрагично во таа ситуација истовремено, тој за тоа не помислува да поднесе оставка. Целиот народ, цела Македонија, цела Струмица виде како фунцкионира градоначалникот на Струмица. Тој кажа дека и со другите така било, дека ред било тоа. Тој дури ги наброја уште 3-4 компании кои по ист принцип биле кај него, им кажа “директно кај мене“ и како резултат на тоа им била завршена услугата што по закон им следува општината да им ја заврши. Тој човек може да влијае на истрагата, тој човек може да влијае на сведоците, тој човек може да го повтори делото. Но нема храброст да си поднесе оставка затоа што знае дека е виновен. Кај нас тројца поднесоа оставки затоа што знаат дека не се виновни, затоа што сакаат да остават простор да се разреши политичката криза и без нивно присуство и влијание да се направи истрага, без тие да можат да влијаат на таа истрага, рече Груевски.

Премиерот вели дека функционерите кои поднесоа оставки се невини луѓе кои одлучија да повлечат чекор во интерес на државата, а заев не го прави тоа.

 

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега