Груевски: По срамната снимка со митото Заев да си поднесе оставка

 

Ние направивме чекор со тоа што тројца луѓе за кои што нема докажано никаква вина решија да поднесат оставки за да се види дека тие се невини, без нивно присуство и влијание.

gruevski-za-zaev

-Истовремено се соочуваме со материјал кој што излезе во медиумите од кој што се гледа класично барање на мито од страна на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.  Срамно барање на мито, во кое што кажува дека најмалку на уште тројца тоа им го побарал претходно. Тоа го слушаме од снимката. И тој не се повлекува. Ние го повикавме јавно, еве како што дадоа оставки овие луѓе за кои не е докажано никаква вина , но за да остават процесот да се води без нивно присуство, направи го тоа и ти, подвлече Груевски.

Тој не го прави тоа, додаде премиерот и подвлече дека Заев може да има влијание на сведоците , може да го повтори делото и може да направи многу други работи за да ја заташка работата и затоа сака да остане на таа позиција.

-Да беше чист како што самиот кажува, во овој криминален чин тој ќе се повлечеше како што тоа го направија и другите тројца кои знаат дека се чисти и затоа се повлекуваат, заклучи Груевски.

 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега