По втор пат Скопски цветен фестивал

Денеска и утре во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи вториот Скопски цветен фестивал на кој ќе се промовира одгледувањето цвеќе во затворен и на отворен простор, а граѓаните, ќе имаат можност да се вклучат во работилници и да ја покажат својата креативност и да научат корисни совети како да одгледуваат цвеќиња.

Фестивалот денеска ќе почне со настап на деца од градинки и основни училишта од Скопје, КУД Орце Николов, Ритам плус, Ребис и Прима данца.

Просторот на кој ќе се одржува фестивалот ќе биде поделен на три зони.

Првата зона ќе биде намената за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ ќе учествуваат на креативните работилници и на сите заинтересирани учесници ќе пренесуваат искуства за правилно садење и одгледување цвеќиња. Учесниците во работилниците ќе можат да научат и како да изработат цветно оригами, венчиња за девојчиња, како да направат цветен аранжман...

Во втората зона која е предвидена за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени.

Третата зона е предвидена за забава и еко-пикник. Граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат аеробик, зумба со своите деца и да слушаат музика во прекрасниот цветен амбиент. 

 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа