Дачиќ: Брисел го толерира албанскиот тероризам на Балканот

Вицепремиерот на Србија Ивица Дачиќ праша што би се случило доколку сите Срби се обединат против знамето на ЕУ.

Начинот на кој алудираше на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој повика на обединување на Албанија и Косово во оквирот на ЕУ.

„Се прашувам што би се случило доколку изјавив такво нешто. Брисел не мисли дека однесувањето на Албанците е проблем кој веќе се толерира.

Тероризмот во регионот мора да биде осуден, а до сега имавме само благи соопштенија од ЕУ и другите институции. Со терористите не може да постојат две страни, но некој тоа треба да го каже“, вели Дачиќ.

 

Тој на конференција за медиумите со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Србија не ја интересираат внатрешните политички работиво Македонија, но дека земјите од регионот, ЕУ и Русија ја интересираат политичката стабилност и безбедност на Балканот.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега