Албанците се водени од еден мозок
Според меѓународниот ектремизам и тероризам клучниот безбедносен ризик за Србија е реализацијата на проектот „Голема Албанија“, тврди Миомир Стојановиќ претседател на општинскиот Одбор за контрола на службата за безбедност.
Тој смета дека не е исклучено да бранот на тероризам создаден во Македонија се прелее и во Србија, и покрај тоа што институциите во оваа земја оперативно и известувачки ги превземаат сите превентивни мерки.
Безбедносните информации говорат дека леглото на терористи од Куманово е во Косово, а трагите водат и до Харадинај?
Клучните позиции во Приштина се завземени од поранешни кадри и екстремисти од таканаречената ОВК. Привремените косовски институции, владата во Тирана и албанските лидери во Македонија, имаат постојана и непрекината комуникација. Па и меѓу Албанците кои се во конфликт меѓусебе, на пример меѓу Харадинај и Тачи,не постојат никакви разлики кога е во прашање целта, а тоае „Голема Албанија“. Од тоа никогаш нема да отстапат.
Но, Тирана и Приштина се оградија од тероризмот...
Сите албански политички лидери во регионот суштински се еден мозок. Погледот меѓу нив е така што едни праќаат помирливи пораки,а други радикални и екстремни. И на копче се подготвени да да дадат порака за акција кога ќе е потребна.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа