ФОТО: Нов документ од ИД од кој замрзнува крвта
На социјалните мрежи почнала се шири фотографија од брачен договор, во кој стои дека сопругата на борецот во Исламската држава ги има сите права при изведување на самоубиствена мисија, без разлика на дозволата на нејзиниот сопруг.
Со овој документ во иднина сè повеќе ќе ги вклучуваат жените во своите напади, тврдат експертите.
Документот дефинира и за тоа дека конечната одлука за завршувањето на животот на жените ја имаат исламските лидери. Само тие можат да одлучат на кој начин жената ќе го заврши својот живот, без разлика на волјата на сопругот.
"Доколку принцот верник, ал Багдади, нареди жената да оди во мисија која вклучува самоубиство, нејзиниот сопруг не смее да ја спречи во тоа"
Документот го објавила една корисничка на Твитер, а во меѓувреме бил избришан. Таа под фотографијата напишала дека жените во Исламската држава се моќни и дека имаат повеќе слобода од останатите жени во светот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа