Британски авиони пресретнаа два руски бомбардери

 

Два британски воени авиони од типот „Тајфун“ пресретнаа два руски бомбардери во близина на британскиот воздушен простор северно од Шкотска, соопшти денеска Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

- Авионите се идентификувани како руските авиони „Ту-95“, познати како „мечки“ и тие беа следени од авионите на РАФ се додека не се најдоа надвор од просторот на интерес на Велика Британија. Ниту во еден момент руските авиони не го нарушија воздушниот простор на Обединетото Кралство, се наведува во соопштението.

Пресретнувањето на руските авиони е зголемено во последната година поради зголемената тензија меѓу Западот и Москва поради украинската криза.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега