Груевски: Донесена декларација за ненасилни протести, средбата продолжува во понеделник
На денешната лидерска средба на претседателите на политичките партии во Македонија беше усвоена декларација за ненасилно правење на протести.
-Денеска како што и самите бевте сведоци имавме разговор претседателите на четирите партии кои имаат најголема поддршка од граѓаните, на којшто разговор усвоивме една декларација за ненасилно правење на протести или било какво други собирања. Исто така разговаравме и за други теми, имаше различни идеи и предлози и на крајот договоривме да се видиме уште еднаш, истакна премиерот Никола Груевски по средбата.
Според него, тешко е да се даде кфалификација, дали оваа средба билауспешна или не, но потенцираше дека ако се цени по донесената декларација, средбата може да се толкува како успешна, но доколку се гледа по други теми може да се толкува и како неуспешна.
На средбата како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Лидерите на најголемите четири политички партии во земјата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи закажаа повторна средба во понеделник во 13:30 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа