Балашевиќ ќе го тресе Скопје!
За првпат со програмот „Кад тамбурама мангупи препрече пут” генијалниот Балашевиќ во Скопје!
На огромно задоволство на сите фанови во Македонија, Авалон Продукција реши да ја слушне нивната молба и во агендата на своите концерти за 2015 година го потврди концертот на миленикот на македонската публика, секогаш свежиот и актуелен новосадски кантавтор – легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.
Човекот кој што секогаш го распродава апсолутно секој концерт кој што го работи (инаку Балашевиќ со концертот на Калемегдан пред две години, со околу 30.000 посетители изби на прво место на интерната листа на Авалон Продукција по посетеност пред Iron Maiden).
Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својот нов програм концептуално наречен „Кад тамбурама мангупи препрече пут”на 30-ти Октомври во Арената Борис Трајковски.
Овој програм наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите го претставија во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб – пет распродадени сали Ватрослав Лисински, Сараево – Зетра 20.000 посетители, Осијек – 10.000 посетители, Сплит распродадена Арена месец дена пред концертот..
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа