ВМРО-ДПМНЕ најави голем народен митинг на 18-ти мај за силна и стабилна Македонија
ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во овие тешки времиња, кога Македонија е под сцениран напад за нејзина дестабилизација. Во овие времиња кога некои луѓе сакаат Македонија да не отвара фабрики, да не отвара нови работни места, да не гради инфраструктура, патишта и пруги, ВМРО-ДПМНЕ јасно сака да соопшти дека се спротиставува на сите сценарија за дестабилизација.
ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш до сега ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволи заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на секој еден граѓанин на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.
Митингот ќе се оддржи на 18 мај, понеделник во Скопје. Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин.
Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, младите, пензионерите, работниците и сите други.
Граѓаните на Македонија ќе дадат поддршка за силна Македонија.
Ги повикуваме сите граѓани, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.
Тука сме за Македонија. Ова е нашата демократска битка, битка за почит кон нашите предци и битка за иднината на следните поколенија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа