Викендов прскање против комарци

 

 

Во сабота и недела (16 и 17.05.2015 година) ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Како што се наведува во соопштението на Министерството за транспорт и врски, прскање на комарци ќе биде извршено во:

Општина Охрид за вкупна површина од 1500 ха – едно прскање на 16.05.2015 година

Општина Дорјан за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 16.05.2015 година

Општина Крушево за вкупна површина од 750 ха – едно прскање на 17.05.2015 година

Општина Ресен за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 17.05.2015 година

Општина Чешиново-Облешево за вкупна површина од 900 ха – едно прскање на 17.05.2015 година

Општина Берово за вкупна површина од 850 ха – едно прскање на 17.05.2015 година

Со дезинсекцијата ќе биде третирана вкупна површина од 6000 хектари,  со  високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега