Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во филмската дејност

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе има средба со Натали Стриф, одговорна за Фондот за помош на светскиот филм во рамките на Францускиот институт во Париз.

На средбата ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката во областа на филмската дејност помеѓу двете земји.

На средбата ќе присуствуваат и амбасадорката на Франција во македонија Лоренс Опер и директорот на Филмскиот фонд на Република Македонија Дарко Башески. 

ФОТО: Ерепортер

најчитано сега