ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Итно да се свика вонредна седница на Советот
Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара итно да се свика вонредна седница на Советот на општина Струмица.
„Почитувани медиуми, почитувани граѓани на општина Струмица, согласно деловникот за работа на Советот на општина Струмица, ние како советничка група на коалицијата За подобра Македонија денес поднесовме барање до градоначалникот и Советот на општина Струмица за итно одржување на вонредна седница. Ова барање го поднесуваме по повод новонастанатата ситуација во општина Струмица и како одговор на реакцијата на многу граѓани, кои секојдневно се јавуваат и реагираат за поставување на нивните прашања кои ги интересираат за работата на општина Струмица итн. Мислам дека Општината ќе одговори позитивно на ова наше барање и во најкраток временски рок апелирам да не повика да се одржи седницата“ – изјави Зоран Пакетов, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа