Бразилските демонстранти спречени да влезат на стадионот каде играа Бразил Уругвај

 

За да ги спречи демонстрантите кои полека успеале да се приближат до стадионот на кој што синоќа силите ги одмерија Бразил и Ургвај, тамошната полиција била принудена да користи солзавец и водени топови. Над 50 илјади демонстранти бараа поголеми средства за образованието и здраството како и поголема ефикасност во борбата со корупцијата. Протестите најмногу се одвиваа поради гневот кај илјадниците Бразилци за големите суми потрошени за организација на престојното СП во фудбал. Во Бразилија беа поставени 594 топки пред зградата на парламентот со цел да им укажат дека сега топката е на теренот на Конгресот кој треба да ги усвои реформите. 

Бразил Дилма Русеф во понеделникот предложи референдум за политички реформи, кои би можел да се одржи на 7 септември.

Бразилците, кои на почетокот на јуни излегоа на улиците поради зголемувањето на цените на превозот, сега бараат подобро здравство, образование, помали даноци и протестираат поради големите трошоци за организирање на Светското првенство во фудбал и корупцијата. 

најчитано сега