Го убедиле девојчето (13) дека по 7 години ќе гo спојат со мајка си, но наместо тоа...

ТВ шоу-то од Камбоџа - "Penh Chet Ort" (Сакале или не) е официјално најзлобното шоу на светот! Тоа што го направиле во специјалната емисија за денот на мајките најверојатно е и најзлобната шега во историјата на телевизијата.

Тие на сцената ја повикале 13-годишната американка, Атум Ален, која моментално живее во Камбоџа. Девојчето си ја отпеало својата песна, а потоа водителката и' ветила дека на сцената ќе ја донесат нејзината одамна изгубена мајка која не ја видела цели седум години, од моментот кога го напуштила САД со својот татко.

Девојчето се расплакало од среќа и изјавило: "Ова е остварувањето на сите мои соништа".
Водителката потоа ја повикала "нејзината мајка" да се качи на сцената. А тоа што следувало е вистински шок. Ален се запрепастила кога на сцена наместо нејзината мајка се качил локалниот комичар кој за оваа прилика се облекол дури и во фустан. 
Бессрамните водители се смееле, а кутрото девојче се обидело да го сокрие разочарувањето со кисела насмевка.
"Зарем навистина помисли дека сме сериозни?" - се дерел водителот, а девојчето нервозно одговорило - "Па не знам..."
Ден по емисијата, девојчето Атум Ален преку Фејсбук пишала дека емисијата немала никаква намера да ја навреди, а неколку часа подоцна и самата телевизиска мрежа му се извинила на девојчето и на гледачите.

Меѓутоа тоа не го запрело гневот на гледачите кои на Фејсбук профилот на ова шоу го натрупале со навредливи и заканувачки коментари. 

"Не ми се верува колку сте глупи! Грам мозок немате!" - е само еден од коментарите.

Извор: Точка.мк

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега