Разликата помеѓу водењето љубов и сексот

Сите сме запознаени со фактот дека постои разлика меѓу водењето љубов и сексот, но не сме сигурни која е таа разлика.
Водење љубов: Водењето љубов не е навика и не може да биде, никогаш не го правиме тоа само за да биде направено, што често е случај со сексот.  На овој начин создаваме нешто меѓу нас или сами со себе, нешто што претходно не било.
Љубовта се води од задоволство и поради задоволство. Внесуваме делови од себе во ваквиот чин кои некогаш не ги даваме кога станува збор за сексот. За водењето љубов е потребно време, чувствата мора да созреат, да бидеме подготвени. Во текот на чинот се чувствуваме сакано и најубаво, без оглед како изгледаме. Не постои поубав начин на осознавање на себеси отколку преку нечија љубов.
Секс: Прво, сексот е одличен, оргазмите се фантастично чувство. Но, ако сексот се почесто го практикуваме, тогаш имаме проблем. Сексот не е доволен. Од многу секс може дојде до здодевност. Кога тоа сме го направиле на секое место што ни паднало на памет, сите можни пози сме се обиделе да ги примениме, ќе бараме нови занимации и воодушевувањето со сексот почнува да исчезнува.
Оние кои не се во врска: Тоа не значи дека не треба да водат љубов или дека не можат. Но, мастурбирањето не се смета. Водењето љубов го покрива секој сензуален контакт со себе, со другите, со своето лице, создавањето силна врска помеѓу половите органи и срцето, покажувањето љубов кон себе и друг.
Бидете отворени кон себе, ако себеси не се сакате доволно, како во оваа смисла можете потполно да се дадете? Љубов се води и со себе, без оглед дали сте во врска или не.
Меѓутоа, сексот и водењето љубов не се исклучуваат. Кога ќе ги доживеете и двете, тогаш знаете што е што. Водењето љубов е вештина, а сексот е потреба.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега