ФОТО: Ова се убиените лидери на терористите
Министерството за внатрешни работи соопшти дека потврден е идентитетот на двајца од лидерите на терористичката група кои се убиени во акцијата. Покрај нив потврда за идентитетот има и за еден од предадените кои е познат како Командант Соколи.
Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.
Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата, последен на фотографијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа